Осум медицински лица од гостиварската болница заразени со Ковид-19

Во гостиварската болница има вкупно осум медицински лица кои се инфицирани со Ковид-19. По направените тестирања изминативе денови, по трите случаи на заразени медициски лица, откриени се пет нови. Во општата болница „Др. Ферид Мурад“ биле земени 138 брисеви. Информацијата за новозаразените стигна синоќа како одговор на прашање поставено до портпаролот на Владата на Република Македонија.
Епдимеолошките портоколи се спроведени откако минатата недела една медицинска сестра и еден лекар од интерното оддление се покажаа позитивни на корона тестот. Во петокот беше потврдено дека уште една медицнска сестра од инфективното одделение, исто така, е заразена.
Болничката управа од почеткот на состојбата воведе рестриктивни мерки за прием на пациенти и го ограничи влезот во болницата. Направена беше и реорганизација, па персоналот работеше во еднонеделни смени, за да, како што кажаа, се спречи ширење на инфекцијата помеѓу вработените и за да нема застој и затварање на одделi.
Општата болница е најголема здравствена установа во гостиварскиот регион со околу 500 вработени.
За новонастаната ситуација, најверојатно ќе se дискутира на денешниот состанок на кризниот штаб.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
