Свет
21. August 2016 - 13:27

Осум јапонски девојчиња избодени во аквапарк кај Токио

Непознат сторител денеска со ладно оружје ранил најмалку осум лица во јапонскиот аквапарк „Токио самерленд“, што се наоѓа во предградие на престолнината, пренесе ТАСС.

Сите поврдени лица се девојчиња на возраст меѓу 19 и 21 години. Тие се хоспитализирани со лесни телесни повреди.

Во моментов нема податоци за извршителот, кој незабележено им ги нанел раните на девојките кои се капеле во базените.

Аквапаркот е меѓу најголемите во земјата и работи од 1970 година. Секој ден во него доаѓаат стотици посетители, а во деновите на викендот нивниот број значително се зголемува.