Македонија
6. August 2022 - 12:54

Осуденик избоден со остар предмет во Затворот Идризово

– Осуденик од Струга бил избоден со остар предмет ноќеска во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

– Во СВР Скопје, 20 минути по полноќ од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 23:40 часот во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга, соопшти МВР.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. МВР презема мерки за расчистување на случајот.