Македонија
25. July 2015 - 17:13

Остварено уште едно ветување од Груевски

Исполнето ветувањето на Груевски кон бизнис заедницата за намалување на казните кое го даде  во Гостивар за време на митингот за изборите минатата година.  Измените во зкаонот за прекршоци веќе се изгласани во собранието. Санкциите се нивелираат согласно економската состојба  на самите фирми.  Малите и големите фирми да не плаќаат исто

- Во идина санкциите  ќе бидат нивелирани според економската моќ на самите фирми. Да не плаќаат исто фабриките со големи капацитее капитал и со по 200 или 500 вработени и малите дуќанчиња кои маат по еден или двајца вработени. Казната да биде според процентто на нивната економска успешност односно според обртот, за да не се случи помалите фирми да пропаѓаат поради високи казни, изјави премиерот  Никола Груевски  на митинг  за време на изборите во 2014 година.

За тоа колкави казни ќе плаќаат фирмите ќе се утврдува според три кретериуму. Најважниот е колкави се вкупните приходи што кои ги остварува  фирмата,  како втор  е бројот на вработените , а во предвид ќе биде земено и  колку фирмата досега била казнувана. Во просек, со имените во законот, малите фирми ќе плаќаат од шест до седум пати пониски глоби, а средните од два до четири пати.

-Оние со приход од  500 000 денари ќе имаат најмали казни,а градацијата ќе биде се до 100 милиони денари годишен приход. Тоа ќе носи 70 бода, 20 бода се однесуваат на бројот на вработените. Ако фирмата има до 10 вработени казните ќе бидат најмали , ако се од 10 до 50 поголеми и од 50 до 100 вработени уште поголеми. Третиот критериум е досието на фирмата ќе влијае и тоа клку таа порано била казнувана, рече министерот Ставревски

Со промената на казнетата политика се воведува и опомената .Целта е да се воведе дисциплина, а не поради казна да додје до затворање на фирмата.

-Значајно е што се воведува опомена која може да се изрече во определени повреди на законите кои се од незначителна дејност но се разбира дека е поволна за бизнис заедницата, зошто има едукативна компонента која може да се искористи за превенирање на состојби кои водат кој потешки повреди на законите, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев

Очекувањата  од новите законски измени се значително да се подобри деловниот амбиент. Новите законски измени беа по барање на стопанските комори, занаетчиските здруженија и малите и средни претпријатија.