Македонија
23. October 2019 - 14:38

„Остани чист, кажи НЕ на корупцијата“

„Задоволство ми е што денеска овде на граничниот премин Делчево-Лисичково заедно со мојот бугарски колега, министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Младен Маринов, ја имаме можноста да бидеме дел од проект кој што е резултат на една квалитетна соработка на двете министерства. Односно  во конкретниот случај меѓу нашиот Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Дирекцијата за внатрешна сигурност при МВР на Р.Бугарија, кои што во насока на интензивирање на билатералната и регионална соработка во областа на превенцијата и  борбата против корупцијата уште еднаш покажуваат дека заедничкиот настап и партнерство се клучни како за регионалната така и за националната безбедност на земјите“. рече министерот Спасовски денеска на граничниот премин Делчево- Лисичково.
 
Во изминатиов период а во рамки на таа соработка што примарно опфаќа споделување и разменување на оперативни информации помеѓу двете служби, беше договорено и Одделот за внатрешна контрола на МВР да се вклучи во проектот кој го спроведува Бугарската внатрешна контрола со државите од регионот а под мотото –“Остани чист кажи НЕ на корупцијата“.
 
-По септемвриската заедничка превентивна активност на граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево, а фокусирана на подигање на свеста на граѓаните за пријавување на корупција со делење на едукативен материјал со информативна содржина за начинот на пријавување на корупцијата на патниците, еве денес повторно се најдовме заедно овојпат на граничниот премин Делчево-Лисичково, а со иста цел: да ја реафирмираме нужноста од лична одговорност и совесност кај граѓаните како брана против секакви коруптивни предизвици“, рече министерот Спасовски.
 
Во склоп на акцијата, на  полициските службеници им помагаат студенти во завршните години на Факултетот за безбедност при Универзитетот св.„Климент Охридски“ Битола, кои го делат едукативниот материјал информирајќи ги патниците за начинот и можностите за пријавување корупција сторена од службени лица и во двете држави.
 
-Со г-динот Маринов констатиравме, меѓу другото, дека од заеднички интерес на полициските служби во двете земји е натамошно продолжување и интензивирање на соработката не само во ваквиот облик на партнерство, туку и во други  домени од полициското работење, како од превентивен така и од оперативен аспект водени од нашата цврста определеност за зајакнување на капацитетите на службите во брбата против корупцијата и организираниот криминал. Конечно, тоа е наша должност и обврска кон сите наши граѓани“, рече Спасовски