Loading Video...
Фудбал
13. August 2018 - 17:23

Османи: Шанса да се победи европски гигант

Фудбалерите на Шкендија се пред тешка задача на утрешната пресметка со  Салцбург , реванш средба во рамките на 3. Квалификациско коло за ЛШ.

                Австрискиот првак има предност од 3-0 од првата средба.

                Во редовите на македонскиот првак се свесни за квалитетите на противникот  и  речиси недостижната предност од првата средба но сметаат дека поразот е превисок и тоа ќе го докажат утревечер во Скопје.

          Сигурно дека било која победа за Шкендија ќе биде извонреден мотив  за идните настапи и затоа се очекува екипата на настапи во полн состав со мали измени од првата средба во Салцбург.  Висар Муслиу  е оптимист  и најавува многу подобра игра против австрискиот гигант.

          Средбата се игра утревечер во 20.15ч на Арената Филип Втори. Поразениот тим од овој двомеч ќе ги продолжи натпреварите во баражот за лига Европа каде најверојатно ќе игра со Розенборг.