Османи: Сакаме и развиваме добри односи со сите соседи
Република Македонија развива добрососедски односи со сите држави од регионот. Мислам дека новата Влада го покажа тоа и преземаме интензивни активности да ги решаваме отворените прашања со соседите, а не да отвориме нови, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, одговорајќи на новинарско прашање за заострувањето на односите на Белград кон Скопје.
- Се разбира будно ја следиме состојбата, меѓутоа не би избрзале со заклучоци. Тоа што може е да ја поздравиме изјавата од српска страна односно нивниот официјален став за заштита на пријателските односи и враќање на состојбите во вообичаените рамки, рече Османи на денешната прес-конференција во Владата на Република Македонија.
Прашан дали однесувањето на Србија е поврзано со најавите за кандидирање на Косово за пеием во УНЕСКО, Османи одговори дека не треба да се шпекулира во однос на причините.
- За нас е важно да ги затворме отворените прашања со соседите. Нема да избрзуваме со никакви одлуки во тој правец, ќе чекаме да се добијат сите детали во однос на тоа прашање. Важно е од двете страни да има позитивна волја да се вратат работите во вообичаените односи, рече вицепремиерот.
Османи посочи дека во комуникација со властите на Косово е добие наформација дека во моментов Приштина воопшто нема апликација за приме во УНЕСКО.
- Тие велат дека во моментов воопшто немаат апликација, така што тоа не е предмет на разговори. Во моментот кога ќе биде побарана поддршка тогаш ќе донесеме одлука, изјави вицепремиерот Бујар Османи.
Ново на Сител
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент