-->
-->
Османи: Разликите за законот за јавно обвинителство не се непремостливи
-->
Разликите околу законот за Јавно обвинителство не се непремостливи. Моментот е неповторлив. Политичките лидери ги знаат очекувањата на граѓаните и се договараат соодветно и ќе ги надминат своите почетни позиции за да се најде конечно решение.
Ова го истакна вицепремиерот Бујар Османи пред почетокот на меѓународната конференција: „Добро управување и владеењето на правото во однос на перспективите за интеграцијата во ЕУ“ што се одржува во Скопје во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Сметам, додаде тој, дека политичките лидери ја сфаќаат важноста и никој нема да дозволи да не успееме во октомври.
– Затоа сум оптимист бидејќи прашањето е премногу важно за граѓаните. Со повеќе политичка волја може да се најде решение, истакна Османи.
На новинарско прашање зошто не присуствувал на синоќешната средба, вицепремиерот Османи рече дека како партија не биле присутни затоа што не се дел од проблемот.
– Како Влада имаме усогласен став по законот за јавно обвинителство и заедно го донесовме законот на владина седница. Во законот се инкорпорирани и ставовите на ДУИ, истакна Османи.
Тој додаде дека останало единствено прашањето за јазикот, што се третирало дополнително на собраниска Комисија со амандман, како и прашањето на одлучување со Бадинтер при изборот на раководителите на институцијата којашто треба да се формира.
Во однос на другите прашања, како што рече, имаат усогласен став.
Смета дека консензусот во овој момент е многу позначаен отколку кои било унилатерални ставови и планови.
– Сите големи реформски прашања во правосудството ги завршивме со консензус, рече Османи и потсети на решенијата што биле донесени со двотретинско мнозинство како Планот 3-6-9 и Планот 18.
Вицепремиерот посочи дека Европската комисија даде чиста препорака за почнување преговори и оти Советот на ЕУ ја прифати таа порака без давање дополнителни бенчмаркови за почнување преговори.
– Се разбира дека е важно законот за ЈО да го усвоивме пред октомври. Тоа што вчера имало долги разговори дава можност разликите да се објаснат и третираат на маса и можност да се продолжат разговорите за да се најде решение, рече Османи
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово