Македонија
30. October 2020 - 16:39

Османи очекува средба со Захариева следната недела

Министерот за надворешни, Османи, најави дека идната недела ќе се состане со неговата бугарска колешка, Захариева. Ова би било увертира на најавената средба во Софија меѓу премиерите на двете држави, а во насока на доближување на позициите.
Според Османи, работните групи постигнале видлив напредок и смета дека единствено историчарите може да го затворат сите отворени прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Во врска со објавата на бриселски „Политико” дека е постигнат компромис меѓу двете соседни држави, што ќе и овозможи на Македонија да започне преговори со Европската Унија, Османи вели дека не може да знае за што станува збор, бидејќи ние не сме дел од дебатата што се одвива во рамки на ЕУ.

Евроамбасадорот, Дејвид Гир, ги окарактеризира како шпекулации, но порача да продолжи дискусијата.

Најголемата опозициска партија бара од власта да ги дефинира црвените линии и јасно да го каже својот став.

„Различните најави де ќе има – де ќе нема дополнувања и анекси, ги иритирааат граѓаните. Македонската дипломатија не треба да молчи и да се крие, туку да реагира кон негаторските ставови кои доаѓаат од одредени кругови во Софија. Веќе е доцна. Прашуваме, кој е ставот на Владата? Дали со декларација или анекс, македонската страна ќе прави отстапки кон Бугарија во поглед на македонскиот јазик и македонската историја?”, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакциите во јасноста дополнително се вжештија откако бриселски „Политико” повикувајќи се на искусен дипломат, објави дека на состанокот на европските амбасадори бил постигнат договор Бугарија да го признае македонскиот јазик и идентитет, а Македонија за возврат да признае бугарски темели за нив.