Македонија
25. јуни 2022 - 20:47

Османи: Нема што да кажат за јазикот па наоѓаат некој преведувач само за да стават дамка на процесот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во „10 Минути“ порача дека македонскиот јазик им бил еден од најважните прашања.

Според него, првичната позиција била воопшто да не се спомне јазикот во преговарачката рамка.

„Јас гледам сега, бидејќи нема за што да кажат за јазикот, се обидуваат да најдат некој преведувач, бил ангажиран од европска комисија, од некоја фирма, со непочитување на формулацијата само за да стават дамка на процесот“, вели Османи.