Македонија
13. April 2018 - 8:18

Османи ќе го презентира статусот на имплементацијата на Планот 3-6-9

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Владата ќе го презентира статусот на имплементацијата на Планот 3-6-9.

Презентацијата е во пресрет на објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат на 17 април.

Напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9 Османи вчера во Брисел го презентира пред високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

Османи од Брисел, каде се сретна и со директорката на одделот за Западен Балкан во Директоратот за проширување Геновева Руиз Калавера, со холандскиот евро-пратеник Ханс Ван Баален, како и со Пјотр Серафин, шеф на кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, порача дека Македонија ќе продолжи со реформите и по Извештајот на ЕК.