Македонија
26. March 2022 - 12:11

Османи: Ако ја победат Португалија сите ќе добијат дипломатски пасоши

При напуштањето на просторијата каде се одржуваше прес конференцијата, министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека сите од македонската репрезентација ќе добијат дипломатски пасоши доколку ја победат португалската репрезентација.

- Ако ја победат Португалија цела екипа ќе добијат пасоши, кажа Османи.

Инаку, претходно Османи информираше дека македонските фудбалери Александар Трајковски, Енис Барди и селекторот Благоја Милевски ќе добијат дипломатски пасоши по совладувањето на европскиот шампион Италија.