Македонија
6. July 2022 - 9:11

Оштетени фасади и скршени прозорци на Владата, Собранието и МНР

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на вчерашниот протест се констатирани повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеа службени дејства обезбедувајќи ги државните институции.

- За време на вечерашниот протест оштетувања на прозорците и фасадите се пријавени во сите три објекти: Владата, МНР и Собранието на Република Северна Македонија. Покрај ова, демонстрантите скршиле 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетено е полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило, информираат од МВР.

Инаку, во протестот се повредени вкупно 47 полициски службеници.