Бизнис
7. July 2022 - 12:33

Општините може да аплицираат за пари за социјално загрозените категории на граѓани

Заинтересираните општини во следните 30-тина денови ќе можат да аплицираат за грант средства од Светска банка преку Министерството за труд и социјала, со цел проширување на понудата на социјални услуги на локално ниво, односно, подобрување на квалитетот и зголемување на корисниците. Конкретно, општина Штип на јавниот повик ќе пројави интерес за две целни групи.

-Нашите извештаи и документи, како што е социјалниот план, направен како резултат на едно социјално мапирање, се увиде дека најголема потреба од услуги имаат старите лица и лицата со попречености. Затоа ќе се движиме во таа насока, да развиеме услуга која ќе ги покрие овие целни групи- изјави Вања Џамбазова-Николовска, соработник за социјална, детска и здравствена заштита - ЛС - Штип.

Општините ќе добијат и бесплатна помош за подготовка на проектните предлози, а ќе ги разгледува комисја која ќе врши евалуација.

-Овие социјални услуги се согласно Законот за социјална заштита, бидејќи целта е, услугите да бидат поблиску до граѓаните- додаде Џамбазова-Николова.

Ова е втор јавен повик, а преку првиот се реализирани 22 проекти, во 27 општини. Опфатени се повеќе од 500 корисници, а за реализација на проектите биле ангажирани лица од социјално ранливите категории, кои поминале стручни обуки.