Македонија
15. October 2018 - 18:28

Општина Кисела Вода се приклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на Белиот стап

Претставници на Општина Кисела Вода заедносо со директори на повеќе училишта и градоначалникот на Гази Баба Борис Геордиевски со засадување на овошни дрвца  во дворот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов” го одбележаа Меѓународниот ден на Белиот стап.

Директорот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов” Горанчо Јакимовски, се заблагодари на сите институции и пријатели кои низ годините помагаат тоа училиште да биде прилагодено на учениците, да бидат подобрени квалитетот и условите во кои се изведува наставата, како и да бидат задоволени специфичните потреби на учениците со оштетен вид.

- Најавуваме изградба на овошна градина во која ќе можат нашите ученици да се запознаат со начинот на кој се раѓаат и растат различни плодови. Освен тоа, таа ќе биде место каде што ќе можат наши ученици и ученици од училиштата од Општина Кисела Вода заедно да учат, меѓусебе да се запознаваат и дружат, истакна Јакимовски. 

Градоначалникот Георгиевски посочи дека според регистрите на Национачниот сојуз на слепите, со оштетување на видот поголемо од 90 проценти, во Македонија живеат повеќе од 2.550 лица и дека токму затоа е неопходно барем еднаш во годината секое дете и возрасно лице да направи превентивен офталмолошки преглед.

- Уште поголемо значење на денешниот настан му дава тоа што токму тука, во ДУРДМОВ „Димитар Влахов”, се реализира првата од заедничките активности на Општина Кисела Вода и Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, предвидени со неодамна потпишаниот Меморандум за соработка, наведе секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски. 

Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Вјекослав Танасковиќ потенцираше дека многу наскоро во училиштето „Димитар Влахов” ќе биде создаден автохтон и едукативен Урбан овошен Парк со урбана градина, како демо-зона и пример, пред се за уредување на сите останати училишни и урбани дворови, следејќи го принципот на зголемување на процентот на зеленило преку плодородни дрвја во целиот Скопски регион.