Општина Кисела Вода додели 42 нови ваучери за новороденчиња
42 ваучери за новороденчиња денес додели општина Кисела Вода. Од нив 13 беа за машки, а 29 за новородени женски дечиња. Со тоа бројот на ваучери со еднократна парична помош кои оваа локална самоуправа редовно ги доделува за своите нови жители се искачи на 1652.
Се работи за проект од програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода, донесена по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржана од Советот на општината.
Истиот има за цел да им помогне на новите родители од овој дел на градот за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето и ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Заедно со барањето тие треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка.
Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
Ново на Сител
-
ДУИ поднесе над 5000 амандмани на Изборниот законик
-
Глас за Македонија: Ставот на БАН за македонскиот јазик е шовинистички и ненаучен
-
БАН: Повелбата за македонскиот јазик содржи неточни и прифатливи позиции
-
Дебата за новиот Закон за надворешни работи, Синдикатот остро се спротиставува
-
Хуманитарна акција „Подари со радост“ на „Епилепсија Македонија“
-
Ахмети: Законот за јазиците беше испратен во Венецијанската комисија да се намалат тензиите и предрасудите кај Македонците
-
Уапсен тетовец, полицијата кај него пронајде кокаин
-
Турски државјани со фалсификувана исправа уапсени на „Деве Баир“