Општина Карпош подготвена за најавените ниски температури и снег
Општина Карпош е подготвена за ниските температури и врнежите од снег што деновиве ги најавуваат хидрометеоролозите и информира дека има обезбедено 250 тони сол, 20 кубни метри ризла и три специјализирани возила за интервенции во зимски услови со плуг и со бункер за сол.
Како што се наведува во соопштението на општина Карпош, локалната власт е подготвена да интервенира на сите сервисни улици кои се наоѓаат на нејзина територија, со особено внимание на т.н. „критични точки“ спрема Бардовци, Трнодол, Жданец, патот за Горно Нерези, како и во Козле на улиците „Ловќенска“ и „Илија Плавев“.
Останатите магистрални улици кои минуваат низ територијата на Карпош, со соодветна механизација и служби, ќе ги расчистува Градот Скопје.
Во состојба на целосна подготвеност, како што се наведува, ќе биде ставена и единицата за заштита и спасување на Општина Карпош, за да интервенира доколку тоа е неопходно.
Ново на Сител
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица