Македонија
21. October 2019 - 10:46

Општина Гевгелија со златна награда како најдобра локална заедница

Општина Гевгелија е добитник на златната награда „Глобаллокал“ за средна и југоисточна Европа во категоријата на најдобри локални заедници во 2019 година во земјава.

Високото признание што го доделува Меѓународниот економски форум на заедници и установи кои креираат добар амбиент за развој на бизнисот и претриемништвото во Средна и Југоисточна Европа, му беше врачено на градоначалникот Сашо Поцков.

– Признанието од репрезентативни меѓународни институции ни е навистина драго затоа што претставува најдобра потврда дека Општина Гевгелија веќе ги обезбеди основните еколошки предуслови за одржлив економски развој. Настојуваме да го подобриме амбиентот и бизнис климата со цел да привлечеме што повеќе инвеститори, рече Поцков и потврди дека неколку странски инвеститори веќе ги започнале подготовките за реализација на своите проекти во Општина Гевгелија.