Општина Дебар ќе додели по 300 илјади денари на семејствата на полициските службеници кои загинаа во автобуската несреќа
Советот на Општина Дебар на денешната седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата на двајцата полициски службеници, кои со сопругите загинаа во трагичната автобуска несреќа што се случи на 23-ти минатиот месец во Бугарија.
Советниците одлуката ја донесоа по предлог на градоначалникот Хекуран Дука, откако таа помина на соодветната комисија.
Според едногласно донесената одлука на двете семејства ќе им бидат доделени по 300 илјади денари.
– Нека почиваат во мир нашите сограѓани. Нивните роднини, пријатели, колеги нека живеат и нека се сеќаваат на нив. Вечен им спомен, рече претседателот на Советот, Фуат Спахиу.
Во автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма“, во близина на градот Перник во Бугарија, меѓу 45 македонски граѓани животите ги загубија Саде Мустафовски (50) и неговата сопруга Зилија Мустафовска (48) од Дебар и сопружниците Енис Рамановски (41) и Алмира Рамановска (37) од село Долно Косоврасти.
Рамановски беше заменик командир на Полициската станица при ОВР Дебар, каде работел од 2000 година, а Мустафоски полициски службеник, на граничниот премин „Блато“, на македонско-албанската граница кај Дебар, кој во полициските редови бил од 1994 година.
Ново на Сител
-
Вечерва консултации за новиот француски предлог
-
ВМРО-ДПМНЕ на Извршен комитет
-
СДСМ на седница на претседателство
-
Пристигна модификуван француски предлог, владата најавува широк консултативен процес
-
ВМРО-ДПМНЕ го свика Извршниот комитет, СДСМ уверува дека јазикот е чист, протоколот и историјата не се во рамката
-
Тема на денот со претседателот Стево Пендаровски
-
Интерпелација за Џафери
-
Путин: Нема проблем Шведска и Финска да влезат во НАТО, но ќе одговориме на ист начин за инфраструктурата на НАТО во овие земји