Општина Дебар ќе додели по 300 илјади денари на семејствата на полициските службеници кои загинаа во автобуската несреќа
Советот на Општина Дебар на денешната седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата на двајцата полициски службеници, кои со сопругите загинаа во трагичната автобуска несреќа што се случи на 23-ти минатиот месец во Бугарија.
Советниците одлуката ја донесоа по предлог на градоначалникот Хекуран Дука, откако таа помина на соодветната комисија.
Според едногласно донесената одлука на двете семејства ќе им бидат доделени по 300 илјади денари.
– Нека почиваат во мир нашите сограѓани. Нивните роднини, пријатели, колеги нека живеат и нека се сеќаваат на нив. Вечен им спомен, рече претседателот на Советот, Фуат Спахиу.
Во автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма“, во близина на градот Перник во Бугарија, меѓу 45 македонски граѓани животите ги загубија Саде Мустафовски (50) и неговата сопруга Зилија Мустафовска (48) од Дебар и сопружниците Енис Рамановски (41) и Алмира Рамановска (37) од село Долно Косоврасти.
Рамановски беше заменик командир на Полициската станица при ОВР Дебар, каде работел од 2000 година, а Мустафоски полициски службеник, на граничниот премин „Блато“, на македонско-албанската граница кај Дебар, кој во полициските редови бил од 1994 година.
Ново на Сител
-
Вартоломеј: Историски момент е отстранувањето на повеќедецениската шизма
-
Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за мандатарот на идната влада Роберт Голоб
-
Убиени најмалку 12 фармери работејќи на нива во северна Нигерија
-
Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот премиер Абазовиќ
-
Германски експерти сметаат дека е потребна една доза вакцина против Ковид-19 за децата на возраст од пет до 11 години
-
Украински власти: Се верува дека 20.000 воени злосторства се извршени од почетокот на руската инвазија
-
Зеленски: Ситуацијата во Донбас исклучително тешка
-
Шведска и Финска ќе присуствуваат на самитот на НАТО во Мадрид