Македонија
30. September 2022 - 12:21

Општина Босилово со посебни безбедносни мерки ќе ја штити локалната депонија

Со видео надзор и огради општина Босилово ќе ја штити локалната депонија од несовесните граѓани кои намерно ја потпалуваат и со тоа ги загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните.  

Од локалната самоуправа велат дека на ваков чекор се решиле со надеж дека тоа ќе помогне во надминување на проблемот со палењето и горењето на депонијата кој се провлекува со години.  Ова  посебно беше изразено за време на летниот период  кога пртив пожарната единица на оваа локација за помалку од два месеци имаше околу 30 интервенции.

Во следниот период е планирано да бидат преземени и дополнителни мерки за заштита, а во летните месеци не е исклучена можноста депонијата да биде затворена и да се воведе систем за контролирано фрлање на отпадот само за граѓаните на населеното место Босилово.

Проектот за заштита со видео надзор и оградувањето на депонијата,  општина Босилово го реализираше во соработка со локалната акциска група Беласица Огражден и поддршка на бизнис секторот.