-->
-->
Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-->

Општина Аеродром го осудува синоќешниот вандалски чин во паркот „Бановина“, каде е искршена урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа.
Од Општината нагласуваат дека брутално е уништена заедничката сопственост на сите граѓани и додаваат дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција.

-Апелираме до граѓаните: да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме дека сме зрела и одговорна заедница. Само така можеме да имаме уредена, безбедна и достоинствена општина, се вели во соопштението.

Паркот „Бановина“ неодамна беше целосно обновен, со нова, современа урбана опрема за уживање на сите генерации.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
