Живот
28. November 2018 - 20:58

Опседнати со Бетмен е благ збор: Брачна двојка бебето го крсти по лик од стрипот, а за костими потрошиле над 13.000 евра

Двојка Британци кои се опседнати со суперхеројот Бетмен, отишле предалеку па и на својата ќерка и дале име по еден од ликовите на славниот стрип.

Имено, Кети Ховет и Стивен Холтем потрошиле над 10.000 фунти (13.000 евра) на костими кои ги чуваат во гаражата. Секако не станува збор за обична гаража туку една која ја претвориле во пештерата на Бетмен  (betcave).

Двојката од Мелтон Моубри во Англија која се запознала на стрип конвенцијата во Бирмингем, планира својата ќерка Поисон Ајви да ја води секаде со себе каде има слични настани ширум земјата.

Бебето Ајви секако веќе има Бетмен боди, но наскоро кога ќе потпорасне ќе има цела колекција облека инспирирана од Готам.