Македонија

Опозицијата предупредува на брзите измени во Законот за работни односи за продолжен стаж на судии и обвинители

Закон кој ќе се носи со европско знамеце, ќе го продолжи мандатот на судии и обвинители кои се пред пензија. 

Собранието денеска ја излагаса потребата од носење на таков закон, но според опозицијата, начинот бил проблематичен. 

Велат продолжување на работниот век се правел со Законите за Судови и јавно обвинителство, а не преку законот за работни односи.

„Останува големото прашање зошто министерот за правда Тупанчевски дозволува споменативе закони да бидат суспендирани и промени кои што се однесуваат на судската власт, овде во Собранието да се шверцуваат во закони кои не смеат  да го регулираа тоа. Во уставот, не случајно е утрврдено дека споменатите закони се носат со двотретинско мнозинство. Судската власт мора да биде независна, а не слуга на власта. Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии со закон предложен од Владата, а потпишан од Артан Груби“.

Од Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители објаснуваат дека и во моментов има судии и обвинители кои на свое барање го продлжиле работниот век. 

Со предложените измени, велат, ќе се овоможи продолжување на мандатите за 60 судии и 12-на обвинители.