Опозицијата прашува дали парите од Рекет завршиле на Илинденска
Зоран Заев и кликата околу него се фатени во криминал до гуша и затоа ги фаќа паника.
Вилма Русковска е докажан слуга на Зоран Заев и работи по негова насока, доколку имаше дури и најмал сомнеж дека нешто од тоа што го говори Костадин Костадинов е вистина, до сега ќе имаше спектакуларни апсења.
Повеќе од очигледно е дека Костадин Костадинов лаже за да ја покрие својата вмешаност во Рекет и вмешаноста на неговиот шеф Зоран Заев. Сепак, доколку немаат доверба во Русковска еве повторно предлагаме да биде сменета и да се избере професионален и независен обвинител, кој што неселективно ќе ја истера истрагата за Рекет до крај и ќе ја испита одговорноста на Заев и Костадинов во случајот.
Костадин Костадинов треба конечно и да собере храброст и да го праша својот шеф Зоран Заев, дали Луј Витон ташната со милион евра од рекетот на Катица Јанева и Боки 13 завршила на Илинденска и со неа е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!?
Дали и колку од парите од неколку месечниот рекет кој е вршен од Јанева, Боки 13 и Кичеец завршиле на Илинденска!?
Заев наместо да се крие зад Костадинов треба да излезе и да одговори на прашањата што правел со милионите од рекетот!?
Доаѓа време за одговорност за криминалот и корупцијата која изминативе три години ја вршат функционерите од власта. Затоа и паниката е голема, но спас од одговорност нема да има.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај

