Македонија
28. January 2019 - 16:54

Опозицијата поднесе барање за распуштање на Парламентот

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа иницијатива за распуштање на Собранието. Координаторот на пратеничката група и порача на власта час поскоро да почне процесот за органзирање на предвремени парламентарни избори заедно со Претседателските.

Власта тактизира. Велат избори им се посакувана опција но тоа ќе ги запрело реформите. Од СДСМ додаваат дека ќе гласаат против овој предлог на опозицијата но тоа не значи дека биле против предвремени избори.

Предлогот на опозицијата за распуштање на Собранието се очекува да влезе во Собраниска процедура пред крајот на оваа недела. Претходно, во текот на утрешниот ден најавена е и расправата за интерпелацијата на шефот на дипломатијата Никола Димитров.