Свет
8. October 2016 - 15:27

Операција на германската полиција во градот Кемниц за осуетување план за бомабшки напад

Германската полиција соопшти дека упаднала денеска во станбена зграда, откако добила информација дека се планира бомбашки напад и ги евакуирала жителите од соседната зграда, јави ДПА.

Полицијата употребиле сила за да влезе во зградата. Во полициското соопштение објавено на Твитер се наведува дека експлозијата, која се слушнала е дело на полицијата и се додава дека лицето, кое било цел на акцијата, не било пронајдено.

- Ве замолуваме да останете во становите во рамки на отцепената зона и почитувајте ги наредбите на полицијата кои ќе бидат дадени на лице место, се наведува во предупредувањето кон жителите на квартот Фриц Хекерт Гебијт во источногерманскиот град.