Октомври ќе биде екстремно топол
Ако се остварат долгорочните прогнози на метеоролозите, просечната температура до крајот на 2018 година, како и средната температура за целата година ќе биде највисока во историјата
Натпросечно топло според метеоролозите ќе биде во текот на целиот месец октомври и подолго. Средната температура повторно ќе биде меѓу највисоките во историјата на мерењата во овој период од годината.
Според „Време Европа“ многу топло ќе биде насекаде низ стариот Континент.
До средината на октомври температурата ќе биде за седум до 10 степени Целзиусови поголема од просекот за овој период од годината.
Во Франција и Шпанија температурата на воздухот би можела да се искачи и до 30 степени Целзиусови.
Екстремно топло ќе биде и на Скандинавскиот полуостров, со температура од 15 степени Целзиусови над просекот, што значи дека температурата ќе се биде до 20 степен.
Ново на Сител
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион