О’Конор повторно се заканува дека ќе си го одземе животот
Познатата ирска поп пејачка Шинед О’Конор, која моментно се наоѓа во Чикаго, им рекла на свои роднини во Ирска дека има намера да скокне од мост.
Веднаш по дојавата, ирската полиција ги контактирала своите колеги во Чикаго, кои веднаш започнале со потрага по неа.
3а жал, ова не е прв ваков случај. О’Конор веќе неколкупати се закануваше со самоубиство, но полицијата секогаш превенираше успешно.
Пред околу еден месец, по слична дојава полицијата спроведе опсежна потрага во неколку хотели во Чикаго. И тогаш се стравуваше од најлошото, но пејачката беше пронајдена пред да ги оствари своите кобни намери.
Според кажувањата на самата пејачка, таа повеќе од едно десетлетие страда од биполарно нарушување и депресија и смета дека целото нејзино семејство се свртло против неа.
Ново на Сител
-
Швајцарците ја изгласаа забраната за покривање на лицето на жената
-
Заев: Политките на СДСМ се во духот на целосна родова еднаквост и еднаква застапеност на жените
-
Во Словенија во јануари регистрирани за третина повеќе умрени отколку во јануари 2020 година
-
Во Лион се евакуирани 4.500 жители поради бомба од Втората светска војна
-
Нова 10-та спектакуларна ерупација на Етна
-
СК: Влхова победи на велеслаломот
-
Најмалку 18 цивили загинаа откако два автобуса нагазиле на мини во сириската провинција Хама
-
ВМРО-ДПМНЕ: Не и се криви анкетите на СДСМ, криво е неспособното и криминално владеење на Заев