Македонија
25. September 2021 - 9:49

Околу 81 отсто од потрошена струја во јули била од домашно производство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти во земајва изнесува: 602 525 МWh електрична енергија, 34.819 мил. нм3 природен гас, 354 361 тони јаглен и 109 198 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 81.4 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96.91 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, соопшти ДЗС.