Балкан
5. November 2015 - 22:57

Околу 7.000 луѓе вечерва во Букурешт протестираа против корупцијата

Околу 7.000 лица, претежно млади, се собраа веќерва на протест во Букурешт против корупцијата на политичката елита, која според нив е одговорна за трагедијата во дискотеката, при што загинаа 32 лица, пренесува БТА.

Ова е трет ден протести против корупцијата во романската престолнина. Илјадници протестираа и во серија големи градови во Романија, со барање за промена.

"Долу парламентот!", "Ние сме за слободна Романија", извикуваа демонстрантите во Букурешт.

Протестнниот бран  во средата предизвика оставката на владата на социјалдемократот Виктор Понта. Претседателот, конзервативец, Клаус Јоханис го назначи денеска министерот за образование Сорин Кампеану за привремен премиер. Јоханис рече дека ќе се консултира со цивилното општество и со демонстрантите за составување на нова влада.