-->
-->
ОЈО: Тројца обвинети за користење лажни ПЦР тестови за да ја напуштат државата
-->
Против двајца турски и еден швајцарски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози заради кривично дело „фалсификување исправа“, согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.
– Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за корона вирусот, се вели во соопштението на ОЈО.
Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, се додава во соопшението на ОЈО, обвинетите ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти