ОЈО отвора постапка за незаконско работење на СЈО – падна истражител на Јанева и приватен детектив
Став побаравме и од Јавното обвинителство.
„Во врска со Вашето прашање, Основното јавно обвинителство Скопје Ве известува дека од страна на МВР бевме известени дека од страна на овластени службени лица од МВР, две лица биле затекнати како од возило вршат следење и снимање на лица и објекти.
Заради утврдување на идентитет и легитимирање на истите едно овластено службено лице непосредно со легитимирање го запрел возилото по што едно од лицата кои го вршеле следењето и снимањето се дало во бегство.
Легитимирањето на двете лица имало за цел утврдување на идентитетот и овластувањата за постапките кои ги презеле. Следење на осомничени лица и снимање на објекти на осомничени лица може да се врши само со судска наредба за посебни истражни мерки, а во конкретниот случај таква судска наредба не била издадена.
Повеќе од дваесетина минути затекнатите лица одбивале да се легитимираат и идентификуваат по што веднаш бил известен ЦИК при МВР. Потоа на лице место дошол униформиран полицаец од ПС Центар, па на негово барање до двете лица да се јават во полициска станица, самите доброволно се упатиле во ПС Центар каде бил извршен разговор со истите.
По овие дејствија МВР го извести дежурниот јавен обвинител. Дополнително до ОЈО Скопје е доставено и писмено известување со пропратна документација.
-Во врска со писменото известување и пропратната документација Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка за настанот.“ – велат од ЈО за Press24.
Ново на Сител
-
Падна првиот снег во Хрватска | ВИДЕО
-
Во рација во северно Косово запленети околу шест милиони динари и десетици илјади долари и евра
-
Атина, Букурешт и Софија ќе бараат компензација од ЕУ за скапата струја во регионот
-
Радев пред средбата со Давкова: Очекувам конечно да се решат отворените прашања
-
Надал се откажа од „Лејвер купот“, на негово место доаѓа Григор Димитров
-
Јамал: Да се достигне нивото на Меси е невозможно
-
Реал и натаму со најголем потрошувачки лимит во Ла Лига
-
Анкета на Ипсос/Ројтерс: Харис води пред Трамп во однос 47:42