ОИК-Штип почна со подготовки за спроведување на Локалните избори 2017

Општинската изборна комисија (ОИК) -Штип почна со подготовките на Локалните избори 2017 информираше денеска претседателката на ОИК, Сенка Андреева. Таа истакна дека на овие избори ќе се именуваат нови членови и нивни заменици на Избирачките одбори за 80-те Избирачки места во Општина Штип, бидејќи на претходните членови и заменици на Избирачките одбори манадатите од четири години им завршија. Во текот на оваа недела веќе ќе се знаат и имињата на новите 800 членови и нивни заменици кои треба да ги спроведат Локалните избори 2017 година на територија на Општина Штип.
- Кога ќе ги добиеме новите членови и нивни заменици на Избирачките одбори, потоа ќе направиме решенија, ги повикуваме и со тоа стартуваме, рече Андреева.
Таа забележа дека од страна на Општина Штип ги добиле сите потребни услови и просторија за споредување на изборите. Локалните избори се финансираат од буџетот на Општина Штип, но подетални информации колку средства треба да се трансферираат засега немаат како Општинска изборна комисија.
- Се уште сме во фаза на добивање на точни и коректни информации, во врска со финансискиот буџет, колку и како ќе биде дозволен, вели Андреева.
Претседателката на ОИК-Штип истакна дека доколку има промени во бројката на избирачките места, граѓаните на Општина Штип ќе бидат навреме информирани.
Надлежните од Општина Штип велат дека во буџетот се планирани средства за споредување на Локалните избори 2017 година, но во текот на овие денови потребно е да се направи детална финансиска анализа за тоа колку ќе чинат.
Ново на Сител
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
-

МОН воведува нови стипендии - за втор и трет циклус на студии по македонски јазик
-

Субвенции за енергетска ефикасност: Граѓаните сè повеќе инвестираат во инвертер клими, а интересот за гас значително опаѓа
-

Велешанец пронајден мртов во помошна просторија од домот
-

Трамп: Негативна одлука на Врховниот суд во однос на царините би било закана за националната безбедност
-

Кавадарчанец со „мерцедес“ возел 96 километри на час на место каде ограничено е на четириесет
