Loading Video...
Ракомет
7. April 2021 - 16:53

Охрид подобар од Металург, a Еурофарм Пелистер рутинирано славеше против Пролет

Во машката ракометна Супер лига попладнево беа одиграни две средби од 4.коло. 
 
Неизвесен дуел одиграат ракометарите на Охрид и   Металург кој го добија домаќините со 27-26 благодарение го голот на Тот на две секунди пред крајот на мечот. За охриѓани ова беше втор триумф додека металург го претрпе вториот пораз. 
 
Во вториот натпревар во Битола, Еурофарм Пелистер рутинирано го совлада составот на Пролет со 26-17, па пелистерци ја остварија третата победа.
 
Утре (14 часот) на програмата е последниот меч од ова коло во кој Струга ќе биде домаќин на вториот тим на Еурофарм Пелистер
 
Поради настапот на Вардар во лигата на шампионите и утрешното гостување во Унгарија кај Веспрем во реванш осминафиналниот дуел, својот натпревар од ова коло во неделата  го доиграат Бутел и Вардар, а заврши со победа на црвено-црните со 34-26.