Македонија
17. December 2019 - 15:47

Охрид и оваа зима ќе има лизгалиште на мраз

 Е

кипи на охридските јавни претпријатија каденес започна со подготвителните активности за поставување на лизгалиште на мраз во центарот на градот. Лизгалиштето ќе биде лоцирано на Кејот „Македонија“, пред Центарот за култура „Григор Прличев“.

Од Општина Охрид најавуваат дека во периодот додека ќе биде активно секојдневно биде организирана забавна програм на мала сцена крај лизгалиштето.

Проектот за изнајмување и поставување на лизгалиштето на мраз е на Агенцијата за млади и спорт, а општина Охрид ги изведува подготвителните зафати.