Џет-Сет
31. December 2016 - 12:28

Огромна радост во домот на Ана и Швајнштајгер

Српската тенисерка Ана Ивановиќ  одлучи да ја запре својата карира и да замине во пензија. Причините се за радување, таа и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер чекаат дете. Веста ја објави српскиот портал Информер.

-Веќе беше започнала со подготовки кога дозна дека е трудна. По разговор со Бастијан, одлучила дека е најдобро да го остави тенисот и да му се псовети на семејството. На крајот на краиштата и Швајни размислува да ја заврши кариерата следното лето. И двајцата го постигнаа врвот во своите кариери, ги освоија навјажните трофеи и беа светски прваци. Сметаат дека е време да завртат нова стрница во животот, вали соговорникот на Информер.

За потсетување, после долгогодишната врска, Ана ова лето му го изговори своето судбоносно “да” на својот избраник Бастијан Швајнштајгер, на романтична венчавка во Венеција.