Огромен астероид ќе мине блиску до Земјата
Астероид доволно голем да уништи цел град викендов ќе помине помеѓу орбитите на Земјата и Месечината.
Објектот наречен 2023 DZ2 е откриен пред еден месец, јавува Би-Би-Си.
Тој денеска ќе помине на оддалеченост од 515.000 километри од Месечината, а неколку часа подоцна ќе помине и покрај Земјата.
Според НАСА, ова е ретка можност за астрономите да го прошират своето знаење за астероидите, што ќе биде корисно во случај во иднина да се открие опасен објект со потенцијал да удри во Земјата.
– Нема шанси овој „убиец на градови“ да удри во Земјата, но фактот што минува толку блиску е одлична можност за набљудување, вели Ричард Моислиз од Европската вселенска агенција.
Додека поминува на растојание од само 68.000 километри, астероидот ќе биде видлив преку двогледи и мали телескопи во целиот свет. Преносот во живо ќе се емитува на страницата „The Virtual Telescope Project.“.
Овој астероид најверојатно ќе се врати во орбитата на Земјата во 2026 година, но научниците велат дека и тогаш нема да претставува закана за нашата планета.
Ново на Сител
-
Втора МФЛ: Беса го доби дербито со Кожуф, убедливи победи на Тетекс и Пелистер
-
Женскиот суперкуп за Баскет Кам
-
Teма на денот со Лука Павиќевиќ, студент на Харвард
-
11 месечно бебе во градинка скршило клучна коска- Семејството бара одговорност
-
Ќе има ли енормно високи сметки за парно поради неажурната санација на ЕСМ и Градот?
-
Османи ги повика Македонците во Албанија слободно да се попишат
-
Пендаровски смета дека Груевски нема да се врати поради измените во КЗ
-
Мицкоски бара одговори за тајно УСБ и тајни документи поврзани со Груевски