Македонија
19. December 2015 - 13:06

Ограбена златарница во Скопје

Непознат сторител вооружен со огнено оружје синоќа во 19:15 часот извршил разбојништво во златарницата „Рубин“ на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје, соопшти МВР.

Сторителот откако влегол во продавницата каде биле две вработени, со оружјето го искршил стаклото од витрината, одзел 16 подебели ланчиња и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.гв/са/12:36