Џет-Сет
9. March 2018 - 11:20

Ограбена вилата на Саша Поповиќ: Од куќата на директорот на Гранд крадците однеле сеф и роба во вредност од 100.000 евра

Куќата на директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ се најде на мета на крадците, а според првите информации од вилата е однесен сеф. 
 
Сопругата на Саша Поповиќ, Сузна Јовановиќ, минатата ноќ го пријавила случајот, а полицијата трага по крадците. 
 
Како што пренесуваат белградските медиуми, од куќата е однесена е роба  во вредност од 100.000 евра. Саша Поповиќ и неговата сопруга  наводно биле во Опатија, каде инаку минуваат доста време бидејќи имаат неколку недвижнини. 
 
Вилата на директорто на Гранд се наоѓа во елитниот дел на Безаниска коса, која е постојано под надзор. 
 
На самиот влез од населбата постои рампа и никој не може да влезе ако не е најавен, а цела населба е заградена со ограда.