Македонија
9. September 2020 - 17:33

Ограбена аптека во Скопје

Две засега непознати лица ноќеска, околу три часот, ограбиле аптека на улицата „Мирче Ацев“ во Скопје.

Како што соопшти полицијата, лицата му се заканиле на вработениот во аптеката по што одзеле пари од прометот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се презмаат мерки за расчистување на случајот.