Македонија
20. May 2017 - 11:26

Ограбена аптека во Радишани, разбојник се заканувал со нож

Вчера вечер во 21.05 часот во ЕИК Скопје, вработена во аптека во населба Радишани пријавила дека непознат маскиран сторител извршил разбојништво.

Сторителот со закана со нож од вработената го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.