Ограбен турски државјанин во Скопје, штетата 600 илјади денари
Непознат сторител вчера во Скопје извршил кражба од автомобил на турски државјанин, одземајќи златни алки, рачни часовници, мобилни телефони... во вредност од 600 илјади денари.
Како што информираат од полицијата, вчера во полициската станица Центар Ј.Р. (61) од Турција, пријавил дека дента околу 17:30 часот на ул.„Прохор Пчински“ во Скопје непознат сторител извршил тешка кражба од патничкото возило „фолксваген транспортер“ со турски национални ознаки, така што со употреба на подесен клуч ја отворил вратата од возилото и одзел шест патни торби во кои имало лични работи - алишта, две златни алки, три рачни часовници, два мобилни телефони и две закачалки за костуми, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600 илјади денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација