-->
-->
Оглас за иницијативи за урбанистички планови во Куманово
-->
Општина Куманово објави јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови. Повикот ќе трае до први април годинава.
- Предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистички план или измена и дополнување на постоечкиот урбанистички план со образложение за барана измена и предлог на плански опфат од подносителот на иницијативата, информираше денеска раководителот на секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска.
Заинтересираните правни и физички лица треба да ги достават иницијативите согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Средствата за прифатените иницијативи за изработка на потребната документација ги обезбедуваат подносителите на иницијативите .Вакви објави согласно позитивната законска регулатива се објавуваат два пати годишно. Следниот повик ќе биде објавен во септември годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште