Оглас за 25 нови градежни парцели во Гевгелија
Општина Гевгелија поради големиот интерес за градење индивидуални станбени објекти, денеска објави огласи за продажба на уште 25 градежни парцели од кои 23 за индивидуални куќи и две парцели за објекти од лесната индустрија.
Од одделението за урбанизам информираат дека најмногу парцели, 12 со површина од 304 до 525 метри квадратни се понудени во населбата Караорман, три се понудени кај Моински пат со површина од 312 до 440 квадрати и осум градежни парцели со површина од 727 до 1.838 квадрати и посебен градежен режим се понудени во населбата Мрзенски рид.
Двете градежни парцели наменети за објекти од лесната индустрија се наоѓаат крај Сува река и зафаќаат површина од 2.617 и 3.965 метри квадратни.
Електронското јавно наддавање за парцелите во Караорман и Моински пат ќе се одржи на 23 јуни, за парцелите на Мрзенски рид на 24 јуни, а за индустриските парцели кај Сува река на 6 јули.
Сите понудени парцели за градба на индивидуални куќи и индустриски објекти, ќе се продаваат со почетна цена од 61 денар за метар квадратен.
Ново на Сител
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата