Македонија
8. March 2022 - 14:05

Одобрено обвинението за сообраќајката кај Сити мол

Основниот Кривичен суд – Скопје, во целост го одобрил обвинителниот акт за сообраќајната несреќа која се случи во близина на трговскиот центар Сити Мол во Скопје, на 20 јануари годинава.

– Ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост, велат од Кривичен суд.

Додаваат дека согласно АКМИС – системот предметот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа од Судот информираат дека истиот ќе биде објавен на веб страната на судот во делот „Календар на судења“.