Живот
10. јуни 2016 - 15:47

Одлучила веќе да не се бричи, вели дека се чуствува секси како никогаш до сега!

На Роуз Гајл (39) од Орегон уште од 13 годишна возраст започнала да и расте брада. Дури 20 години се обидувала да го прикрие тоа бричејќи ја брадата и градите. Пред 8 месеци сфатила дека тоа премногу емоционално ја исцрпува. Сега дозволува влакната на лицето и градите нормално да и растат. Тврди дека никогаш како сега се нема чуствувано секси и женствено. 
 
- Со години ги бричев влакната, бев на ласерски отстранувања, ги чупав. Но сега ги прифатив своите желби и не можам да бидам посреќна. 
 
Кога била во пубертет почнале да и растат мустаќи, а потоа и влакна на брадата, над устата и на образите. Тоа почнало да и влијае на социјалниот живот. Не ни пробала да спие кај другарките бидејќи веќе наутро се будела со нови влакна на лицето.
 
 
- Почнав да го кријам тоа. Моите пријатели не знаеа дека ми расне брада, успешно го криев тоа - вели Роуз. 
 
Се криела и од родителите, а тогаш едно утро нејзината мајка видела како и расте брада.
 
- Не добив подршка од родителите каква што очекував. Мислам дека тие не знаат на кој начин да ми ја дадат подршката. На кратко разговараме со мојата мајка да престанам да се бричам но тогаш знаев дека не можам тоа да го направам. Сепак ме однесе на лекар и добив хормонски апчиња и други лекарства, но не ми помогнаа - вели Роуз.
 
Точна дијагноза не добила но верува дека нејзиниот проблем е предизвикан од полицистични јајници и генетика. Во тинејџерските години и во 20-тите години се срамела од својот изглед, носела маици и кошули со долги ракави. Отстранувањето на влакната со ласер било скапо и болно. Во врска со мажите тешко и било да го открие својот проблем но вели дека имала партнери во 20-тите кои ја подржувале.
 
 
- Наскоро сфатив дека сама на себе сум најголемиот проблем. Немав самодоверба. Кога не се бричев, не излегував од дома. А тогаш пресеков и одлучив веќе да не се бричам. На почетокот беше тоа голем психички предизвик, но по 6 недели ми порасна брада и заклучив дека тоа е одлична одлука. И родителите и пријателите ме подржаа. На улица ми приоѓаат луѓе и ми велат дека сум храбра и дека сум им инспирација. Многу луѓе ме следат на Фејсбук. Некои дури и ми понудија брак - вели Роуз додавајќи дека е пресреќна што сите ја прифаќаат онаква каква што е, пишува Деил Меил.