Ракомет
24. September 2017 - 9:05

Одиграни три натпревари од второто коло од Супер лигата

Ракометните суперлигаши одиграа три натпревари од второто коло, а дербито во Битола меѓу Еурофарм работник и Охрид заврши без победник 21:21.
Во вториот натпревар одигран во Битола Пелистер беше убедлив против Металург 2 и го совлада со 37:21, додека Прилеп славеше на домашен терен против Пролет со 29:27.
Денеска се игра натпреварот Вардар Јуниор - Радовиш.
Во ова коло слободна е екипата на Борец.
 
Табела: Охрид 4 бодви, Пелистер 3, Радовиш 3, Прилеп 3, Металург (2) 3, Борец 1, Еурофарм Работник 1, Пролет 1, Вардар Јуниор 0.