Македонија
15. November 2019 - 8:44

Оддавање почит на македонските граѓани загинати во војните при распадот на СФРЈ

Претставници на воените инвалиди заедно со претставници на членовите на семејствата на 54-те загинати припадници на поранешната ЈНА по потекло од тогашна СР Македонија, кои настрадаа во војните при распадот на СФР Југославија денеска во знак на почит и сеќавање ќе положат цвеќе на споменикот „Мајкино скршено крило“ во центарот на Скопје.

Настанот е во организација на Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92, во соработка со националниот координатор за воени и полициски ветерани.

На настанот ќе присуствуваат делегации на Претседателот на Републиката и на Владата, како и началникот на Генералштабот на АРСМ и градоначалниците на Град Скопје и Општина Центар.