Спорт плус
16. August 2018 - 10:11

Одбојкарско славје во Унгарија

Иако водеа со 2-0 во сетови нашите најдобри одбојкари се поиграа со нервите на своите фанови и дозволија драматина завршница на квалификацискиот дуел за ЕП со домашната Унгарија која на крајот ја совладаа со 3-2.

Добрата игра на стартот ни донесе водство од 2-0 (25:23, 25:23), пред Унгарците да направат кам-бек и со идентичен резултат да ги добијат следните два сета. Во одлучувачкиот сет, Никола Ѓорѓиев го освои последниот поен за 16:14 победа. Следниот меч е со Украина на домашен терен, откако тие во првото коло со 3:0 ја победија Швајцарија.